29.3.2018 Луцијан Февр сè поблиску до Баерн
Се ближи заминувањето на тренерот Луцијан Февр од Ница. Француските медиуми известија дека клубот ја одредил висината на оштетата за 60-годишниот стручњак.
Разделбата меѓу Февр и Ница речиси е завршена работа. Ница, која моментно се наоѓа на осмото место на табелата во Лига 1, е подготвена предвреме да го пушти да си оди 60-годишниот тренер со оштета од три милиони евра.
Францускиот прволигаш не очекува дека Февр ќе го исполни договорот кој важи до 2019 година.
Швајцарскиот тренер во Бундеслигата има две опции – првата е да го наследи Јуп Хејнкес на клупата на Баерн Минхен, а втората е да отиде на местото на Петер Штегер во Борусија од Дортмунд.
Ал-Наср, клубот од Саудиска Арабија, исто така сакаше да го доведе искусниот фудбалски стручњак, но Февр го одбил тоа.