Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Коман нема среќа, повторно ги скина лигаментите, ќе паузира три месеци

Кингсли Коман повторно ќе паузира долго, веројатно околу три месеци, а фудбалерот на Баерн има идентичен проблем како и ланската сезона

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман е еден од најмалерозните фудбалери и повторно ќе мора да паузира, најмалку три месеци. На дуелот со Хофенхајм, вчера, на отворањето на новата сезона во германската Бундеслига, Коман ги скина лигаментите над глуждот, повреда поради која и ланската сезона долго паузираше.
Тоа се лоши вести и за него и за Баерн, а неопходна е операција, по која ќе следи подолга рехабилитација. 
Францускиот репрезентативец има 22 години, успеа да се избори за место во стартната постава на Баерн, но го следат малери со повредите. Враќањето на фудбалските терени се очекува некаде во ноември.

 

Најнови вести