Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Боатенг на продажба, и тоа со попуст

Нико Ковач по секоја цена сака да го продаде искусниот дефанзивец

Баерн Минхен се обидува да се ослободи од Џером Боатенг по секоја цена, раководството дури ја намали сумата која ја бараат за Германецот. Баварците наводно би прифатиле и понуда од 30 милиони евра, односно 20 милиони евра помалку во однос на сумата која ја бараа во текот на летото.

Ваквиот потег се очекуваше, бидејќи преодниот рок во Европа, односно во Франција, Германија и Шпанија завршува за една недела, а за стоперот има сѐ помалку интерес. Единствено ПСЖ покажува знаци на интерес, но, прашање е дали „светците“ воопшто го посакуваат во своите редови, бидејќи пред неколку дена го официјализираа трансферот на младиот Тило Керер од Шалке, додека во меѓувреме се соочуваат со проблеми поради неизмерното трошење.

Боатенг беше пред преселба во редовите на Манчестер јунајтед ова лето, но тогаш Баерн ја одби понудата од 25 милиони евра, бараа двојно повеќе.


 

Најнови вести