Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Реал ќе купува ексиграч на Барселона

Кралскиот клуб ќе понуди 50 милиони евра на Баерн за да го добие Тијаго Алкантара

Играчот за врска на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, се најде во фокусот на Реал Мадрид. Според најавите, можно е до крајот на летниот преоден рок да се случи шпанскиот репрезентативец да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Алкантара одлично се познава со тренерот на Реал, Хулен Лопетеги, со кого има работено уште во младинските категории. Лопетеги би бил среќен ако успее Алкантара да го доведе во Реал, но Баерн сигурно нема лесно да го пушти играчот кој веќе пет сезони е на „Алијанц арената“.
Шпанецот има одиграно 154 меча и дал 26 погодоци за баварскиот гигант, со кого се има израдувано дури на 12 трофеи. Неговиот договор со Баерн е до 2021 година, а за предвремено заминување германскиот првак бара 50 милиони евра оштета. 
Пред да дојде во Баерн, Алкантара играше за најголемиот ривал на Реал, Барселона. Алкантара всушност е „дете на Барса“, бидејќи беше дел од познатата школа на каталонскиот гигант, но сега е можно да заигра во дресот на Реал Мадрид.

 

Најнови вести