Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

ПСЖ и Баерн се договорија околу Бернат, ама Шпанецот се прави „ѕвезда“

ПСЖ е на прагот да го откупи левиот бек на Баерн, но, постои еден проблем

Францускиот првак, ПСЖ речиси да го договори засилувањето на левата бековска позиција, од редовите на Баерн Минхен треба да пристигне Хуан Бернат за сума околу 15 милиони евра, но шпанскиот фудбалер поставува услови, односно бара плата поголема од пет милиони евра по сезона, сума за која „светците“ засега не се согласуваат.

ПСЖ цели лето се обидува да доведе квалитетно засилување на позоцијата лев бек, а како што одминува времето, клубот има сѐ помалку опции. Се споменуваше Фелипе Луиз од Атлетико, но по сите изгледи трансферот нема да се оствари. Сега пак, се соочуваат со други проблеми, или поточно се наоѓаат во незавидна ситуација, во која Бернат сака да изнуди што повеќе пари од клубот, знаејќи дека нема други опции на пазарот на шест дена до крајот на преодниот рок.

Најнови вести