Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Шампионски старт на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше успешен старт во новото издание на Бундеслигата со победа од 3-1 против Хофенхајм

Најтрофејниот германски клуб и актуелен шампион, Баерн Минхен имаше одличен старт на новата сезона и со триумф од 3-1 против Хофенхајм, најави атак на нова титула. На „Алијанц арената“ Баварците поведоа со голот на Милер во 23-тата минута, а гостите се заканија со изненадување по 12 минути игра во второто полувреме. Шалаи израмни на 1-1, но Хофенхајм не успеа да издржи до крај и загуби. Робен повторно му донесе предност на фаворитот со гол во 79-тата минута, а победничкиот старт на шампионот го потврди Левандовски со погодок во 90-тата минута.

 

Најнови вести