Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Фер плеј пред сè друго: Да Коста го повреди Алаба, па му се извинувал во соблекувалната

Баерн Минхен вчера го освои германскиот Суперкуп, но еден потег на Да Коста „ги освои“ фановите во Германија

Баерн Минхен стигна до својот прв трофеј под водство на новиот тренер Нико Ковач. Во големата победа од 5-0 над Ајнтрахт Франкфурт, хрватскиот стратег имаше повеќе причини да се радува, но веднаш се здоби со главоболки откако се повреди левиот бек Давид Алаба.

Австриецот се жалеше на болки во левото колено по остриот старт на Дени да Коста, па мораше да се интервенира веднаш по мечот. Фудбалерот на Франкфурт по завршувањето на самиот меч, се упатил кон соблекувалната на Баерн и му се извинил на својот колега за тоа што го направил. Со овој потег Да Коста покажа дека фер плејот треба да биде на прво место во фудбалскиот свет, како и почитта кон противникот.

Што се однесува до Алаба, при првите медицински прегледи е утврдено дека не се работи за сериозна повреда, туку ќе паузира само неколку дена.

 

Најнови вести