Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2018

Невен Суботиќ во Сент Етјен

Невен Суботиќ ќе го напушти Дортмунд по речиси десет години и вкупно 261 одигран натпревар за Борусија.

Дваесет и деветгодишниот стопер ќе биде трет играч кој оваа сезона направил трансфер во Сент Етјен, по Емвиле и Ентапа, вчера објавија француските медиуми.
Од клубот нема официјална потврда, освен изјавата дека преговорите со Дортмунд се успешно завршени.
Во конкуренција за новиот стопер на „зелените“ беа четворица Срби: Суботиќ, Стефан Марковиќ, Душко Тошиќ и Никола Максимовиќ, но и Полјакот Михал Паздан, чиј агент вчера изјави дека неговиот пулен отпаднал бидејќи во клубот ќе дојде играч од Дортмунд.
Суботиќ, кој со „милионерите“ освои две шампионски титули на Германија и една на Купот, одамна не е во плановите на тренерот на Борусија. Минатата пролет мораше да игра на заем во Келн, а изминатата есен одигра само пет натпревари (четири во првенството, еден во Лигата на шампионите).
Откако во клубот неодамна стигна Швајцарецот Аканџи, конкуренцијата на стоперските позиции е засилена, така што Србинот, кому налето му истекува договорот, сфатил дека е подобро да оди некаде каде што ќе може да игра.

Најнови вести