Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2018

Борусија повторно ќе го смени тренерот

По трет пат во рок од една година Борусија од Дортмунд ќе го промени тренерот.

„Вестфален“ налето ќе го напушти Австриецот Петер Штегер, кој во декември минатата година го замени Холанѓанецот Петер Бос, но не го подобри многу пласманот на клубот.
Борусија Дортмунд минатиот викенд беше поразена во големото дерби на Рур од најголемиот ривал Шалке (2-0), во борбата за втората позиција во Бундеслигата.
Според пишувањата на „Билд“, најсериозни кандидати да ја преземат Борусија налето се Луцијан Февр од Ница и младиот Марко Розе, кој оваа сезона направи чудо со Салцбург пласирајќи се во полуфиналето на Лигата на Европа.

Најнови вести