Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2018

Фулам и Астон вила се борат за речиси 200 милиони евра

Победникот во плејофот за пласман во Премиер лигата меѓу Фулам и Астон вила ќе заработи најмалку 160 милиони фунти (181 милиони евра) во наредните три години.

Според истражувањата на финансиската куќа „Дилојт“, Фулам, кој сака да се врати по четири години, може да заработи до 170 милиони фунти (194 милиони евра), а Астон вила десет помалку, бидејќи екипата од Бирмингам во елитното друштво би се вратила само по две години и би останала без дел од загарантираната заработка за Шампионат лигата.
Натпреварот меѓу Фулам и Астон вила се игра во сабота, од 18 часот, на „Вембли“.
Адути на лондонскиот Фулам се српскиот тренер Славиша Јокановиќ и репрезентативецот Александар Митровиќ, како и тинејџерот Рајан Сесењон.
Од друга страна, носители на играта на Астон вила се: стоперите Џејсон Тери и Кристофер Самба, играчите за врска Глен Вилан, Роберт Снодграс, Миле Јединак, како и напаѓачите Луис Грабан и Габриел Агбонлахор.

Најнови вести