Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Монако е „фарбика“ за правење пари: За две лета „кнезовите“ заработија 550 милиони евра

Си заминаа многу клучни играчи, но, францускиот вицешампион за само два преодни рокови ја наполни касата „до врв“

Откако Монако ја освои титулата во францускиот шампионат во сезоната 2016/2017, раководството биеше тешка битка на пазарот да ги задржи најквалитетните фудбалери во составот со цел да останат компетентни на гигантот ПСЖ. Сепак, желбата на одредени ѕвезди да се напредува во кариерата беше посилна од се, па „кнезовите“ мораа да се снаоѓаат без играчи како Бернардо Силва, Килијан Мбапе, Фабињо, Лемар. Но, барем „дебело“ ги наплатија нивните заминувања.

Рачид Гезал е последниот од низата фудбалери кои го напуштија клубот, па со заработените 14 милиони евра од трансферот на Алѓирецот во Лестер, Монако стигна до вкупна заработувачка од 550 милиони евра во последните две лета.


До овие енормни цифри стигаа во главно преку продажбите на Мбапе (180 милиони евра, ПСЖ), Лемар (70 милиони евра, Атлетико Мадрид), Менди (57,5 милиони евра, Манчестер сити), Силва (50 милиони евра, Манчестер сити), Фабињо (45 милиони евра, Ливерпул) и Бакајоко (40 милиони евра, Челси). 

Сите овие играчи беа заменети со помлади фудбалери, во кои гледаат потенцијал да станат новите ѕвезди на клубот. Тоа е трансфер политиката на клубот, очигледно фунционира на финансики план, но од друга страна составот на Леонардо Жардим од година во година го губи квалитетот и се потешко се справува со доминацијата на „светците“ од Париз.

 

Најнови вести