Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2018

Мајнц победи, судијата ги врати играчите од соблекувална заради пенал

Фудбалерите на Мајнц го победија Фрајбург со резултат 2-0 во дербито со кое беше затворено 30-тото коло на германската Бундеслига.

Пабло де Бласис беше двократен стрелец, но натпреварот во Мајнц го обележа судијата Гвидо Винкман со одлуката која ја донесе во продолжението од првото полувреме.
Главниот арбитер по прегледувањето на снимката од технологијата ВАР, ги врати фудбалерите од соблекувалната и досуди пенал за домаќинот.
Во последната минута од првиот дел играчите на Мајнц имаа добра шанса, ударот беше блокиран, но по прегледувањето на снимката беше утврдено дека топката го погодила некого во рака, иако судијата ги испрати играчите на пауза.
ВАР потврди дека Викман пропуштил да санкционира со најстрогата казна, па тој ги врати на теренот и предизвика конфузија која траеше неколку минути. Играчите не беа свесни што се случува сè додека Де Бласис не пријде да ја изведе најстрогата казна.
Како во ракометот, судијата Винкман му покажа дека нема да има шанса за поправен доколку топката се одбие од стативата или голманот на Фрајбург го одбрани неговиот удар.
Аргентинецот беше сигурен и дури тогаш фудбалерите на двете екипи можеа да направат пауза од 15 минути, а Мајнц во продолжението го завери триумфот. Повторно Де Бласис го совлада голманот Шволов, овој пат во 79-тата минута ја искористи несебичната асистенција на Квајсон, по катастрофалната грешка на гостинскиот чувар на мрежата.
Со овој триумф Мајнц го прескокна Фрајбург на табелата, се наоѓа на 15-тата позиција со 30 освоени бода, колку што има и вчерашниот противник, но со полоша гол-разлика.

Најнови вести