Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2017

Бојан Кркиќ во Мајнц

Кркиќ, кој играше и за Рома, Милан и Ајакс, стигна во Англија во 2014 година, но оваа сезона немаше премногу шанси да игра (11 натпревари во три натпреварувања).

Бојан Кркиќ, некогашната надеж на Барселона, заврши во Мајнц. Дваесет и шестгодишниот шпански напаѓач од Стоук отиде на заем во германскиот прволигаш до крајот на сезоната.
Кркиќ, кој има играно за Рома, Милан и Ајакс, во Англија стигна во 2014 година, но оваа сезона во Стоук немаше премногу шанси да игра (11 натпревари во три натпреварувања), па лесно донесе одлука да оди некаде.
„Чест ми е што Мајнц ми даде шанса да играм во уште една врвна европска лига. Но ова нема да биде мојот крај во Стоук, каде што ги доживеав најубавите денови во кариерата“, изјави Кркиќ.
Мајнц оваа зима на Волфсбург му го продаде Јунус Мали, кој беше еден од клучните играчи на клубот.

 

Најнови вести