Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2018

Ламберт нов менаџер на Стоук

Ламберт, кој на клупата на Стоук ќе го наследи Марк Хјуз, без ангажман е од крајот на минатата сезона, кога го напушти Вулверхемптон.

Некогашниот шкотски репрезентативец Пол Ламберт, е нов менаџер на Стоук, пренесоа англиските медиуми.
Ламберт, кој на клупата на Стоук ќе го наследи Марк Хјуз, без ангажман е од крајот на минатата сезона, кога го напушти Вулверхемптон, а со Стоук договори краткорочна соработка до крајот на сезоната, со бонуси доколку опстане во Премиер лигата.
Тренерската кариера ја почна во 2006 година во Ливингстон, а ги тренираше и: Вајкомб, Колчестер, Норвич, Астон вила, Блекбурн, Вулверхемптон...
Ламберт 40 пати играше за репрезентацијата на Шкотска, со Селтик освои четири титули, а со Борусија од Дортмунд во 1997 година ја освои Лигата на шампионите.

Најнови вести