Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2015

Мурињо: Момчињата со играта ви покажаа дека сте глупави

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, изјави дека неговите играчи со партијата во Лига купот на сите критичари им докажале дека се глупави.

Челзи испадна во четвртата рунда на Лига купот од Стоук по подоброто изведување на пеналите, додека во регуларниот дел на натпреварот резултатот беше 1-1.
„Ова што го направија играчите е соочување со оние коишто пишуваат и зборуваат. Им порачаа: ’Вие сте глупави’. Тоа што некои луѓе го пишуваат и го зборуваат е многу лошо за играчите. Можеби мислат дека моите играчи се како тие кога биле играчи. Моите играчи не го прават тоа, тие даваат сè од себе“, изјави Мурињо.
Тој потоа даде коментар за самиот натпревар против Стоук.
„Игравме добро. Минатата година овде славевме со 2-0. Не игравме ниту 25 отсто од она што сега го одигравме. Пред неколку месеци станавме шампиони. Луѓето зборуваа дека некои работи се поважни од резултатот. Сега луѓето велат дека резултатите се најважни. Тоа е контрадикција“, додаде менаџерот на Челзи.
Трагичар на натпреварот беше Еден Азар, кој не го погоди пеналот.
„Се сеќавам на некои пенали. Не ги погодуваа Арјен Робен, Кристијано Роналдо, Кака, и сега нашиот најдобар изведувач. Не го обвинувам поради тоа“, додаде Португалецот.
Лоша вест за Мурињо е дека Диего Коста , кој беше заменет во 33-тата минута, заврши во болница.
„Не знам каква е ситуацијата. Не знам дали ќе биде подготвен за Ливерпул“, изјави Мурињо.

Најнови вести