Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Ново шоу на Мурињо: Се фалеше колку е успешен и делеше совети

Пред дуелот на Манчестер против Барнли, Португалецот си кажа што има на душа

Жозе Мурињо продолжува со своето шоу на прес-конференциите наменети пред и по завршување на дуелот од англиската Премиер лига. Португалскиот стратег денеска реши да се фали и да ги каже сите негови успеси како тренер, но и да дели совети на новинарите.
„Јас сум тренер на еден од најголемите клубови во светот, но исто така јас сум и еден од најдобрите тренери во светот. Имав многу успех минатата сезона, а тоа е нешто што вие не сакте да го признаете. Ги анализирам своите долгогодишни успеси и за мене е поважно јас што мислам, а не вие. Повторувам, пред две години ја освоив Лигата на Европа. Сите зборуваат како Атлетико Мадрид направил голем успех со триумфот во Лигата на Европа откако испадна од Лигата на шампионите. Ние ја освоивме Лигата на Европа, бидејќи тоа е нашето ниво. Манчестер е последен тим кој успеал да освои трофеј во Европа“, вели Мурињо.
Португалецот не заборави да додаде дека имал успеси и пред да дојде во Манчестер.
„Имам освоено осум титули во првенствата. Јас сум единствен тренер во светот кој има освоено титули во првенствата на Италија, Шпанија и Англија. Тоа не се мали земји, ниту мали титули. Минатата година го освоив второто место во Англија, и тоа е едно од моите најголеми успеси“, додава Мурињо.
Новинарите не престанаа да го провоцираат, па еден праша дали Жозе ќе се смета за еден од најдобрите тренери во светот дури и ако не освои титула во Премиер лигата со Манчестер. Португалецот реши да му даде одговор со цитат на германскиот филозоф Хегел. 

 

Најнови вести