29.9.2015 Борнмут шест месеци без Вилсон
Калум Вилсон, напаѓачот на Борнмут, ќе паузира шест месеци поради повреда на коленото, соопшти новиот премиерлигаш.
Вилсон ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото на почетокот на натпреварот против Стоук, кога неговиот тим изгуби со 2-1.
Тој од теренот беше изнесен на носилки и следната седмица ќе мора да оди на операција.
„Многу сум разочаран поради Калум, посебно по одличниот почеток на сезоната, но уверен сум дека ќе се врати посилен и подобар“, изјави Еди Хауи, менаџерот на Борнмут.
Вилсон оваа сезона одигра шест натпревари и постигна пет голови во Премиер лигата.