Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2017

Борнмут сериозно се засилува - Дефо за 24, Нејтан Аке за 22,7 милиони евра

Англискиот фудбалер Џермејн Дефо направи трансфер во Борнмут, со кого потпиша тригодишен договор вреден 24 милиони евра, а холандскиот дефанзивен играч Нејтан Аке стана најскапо платен играч во историјата на Борнмут откако направи трансфер од Челзи за 22,7 милиони евра.

Триесет и четиригодишниот Дефо во Борнмут дојде како слободен играч бидејќи ја искористи клаузулата во договорот со Сандерленд, кој испадна од Премиер лигата.
„Наша цел е да доведуваме играчи кои може да имаат големо влијание врз континуираниот раст на клубот и веруваме дека Џермејн спаѓа во таквите бидејќи е природен, докажан голгетер“, изјави Еди Хау, тренерот на Борнмут.
Дефо се врати во Борнмут, за кого играше пред 17 години како играч на заем од Вест хем (постигна 18 голови на 29 натпревари), а тука веројатно и ќе ја заврши богатата кариера.
Борнмут минатата сезона заврши на деветтото место на табелата, а пред Дефо го доведе голманот Асмир Беговиќ од Челзи.
Нејтан Аке само по шест месеци од Лондон се врати во Борнмут, каде што одлично играше на заем во првиот дел од минатата сезона.
Премиерлигашот и тогаш сакаше да го откупи, но Челзи инсистираше сезоната да ја заврши во редовите на „сините“.
Аке е трето засилување на Борнмут ова лето, по Беговиќ и Дефо.
Дваесет и двегодишниот стопер во текот на кариерата беше на заем во Ридинг и во Ватфорд, а оваа година два натпревари одигра и за селекцијата на Холандија.

Најнови вести