21.12.2016 Потврдено: Варди суспендиран на три натпревари
Фудбалската асоцијација на Англија ја отфрли жалбата на Џејми Варди, кој е суспендиран на три натпревари поради црвениот картон.
Тој претходниот викенд беше исклучен во 28-мата минута од средбата меѓу Лестер и Стоук, кога со двете нозе остро го фаулираше Маме Бирам Диуф. Натпреварот беше завршен со резултат 2-2.
Лестер поднесе жалба на суспензијата, но првобитната одлука е потврдена, па Варди ќе ги пропушти натпреварите со Евертон, Вест хем и Мидлсборо.
„Лисиците“ се наоѓаат на 15-тото место на табелата со 17 освоени бодови.