11.8.2018 Мурињо вели дека Манчестер е во тешка ситуација
И покрај победата во првото коло од Премиер лигата, португалскиот стратег е незадоволен
Манчестер Јунајтед стигна до рекордната 18 победа на стартот на еден шампионат во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ со 2:1 го победија Лестер, но менаџерот на домаќините не е задоволен. Жозе Мурињо потенцира дека неговиот тим се наоѓа во незавидна ситуација.
„Ќе биде тешка сезона за сите, не само за нас. Ќе биде тешко бидејќи имавме свои планови, а сега се наоѓаме во ситуација во којa не верувавме дека ќе бидеме. Готово е. Пазарот е затворен и за тоа веќе не може да збориме. Но, тоа е работата на тренерот“, вели Мурињо кој додава дека сепак на крајот е задоволен бидејќи неговиот тим победи.
Пред помалку од 10 дена, Мурињо јавно ги критикуваше челниците на Манчестер дека не му дозволиле да ги купи играчите кои ги сака и кои му се потребни. Токму поради овие критики, Мурињо е прв фаворит за добивање отказ во англиското првенство.