Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2018

Марез го прекина штрајкот – повторно тренира во Лестер

Ријад Марез, алжирскиот фудбалер и еден од најдобрите играчи на Лестер, по десет дена го прекина штрајкот и се врати на тренинзите на екипата.

Марез изрази незадоволство од одлуката на клубот да не го пушти во Манчестер сити во јануари, а интересно е тоа што ќе биде во конкуренција за денешниот натпревар против лидерот на Премиер лигата, пишува „Скај спорт“.
Само еден ден претходно, Клод Пуел, менаџерот на Лестер, ја отфрли можноста дека Марез, еден од играчите кој беше најзаслужен за изненадувачкото освојување на Премиер лигата, ќе биде во поставата за дуелот со „граѓаните“.
Од клубот најавија дека Марез го очекува драстична казна од 250.000 евра.
Марез не тренираше со клубот од 31-ви јануари, кога му пропадна трансферот во Сити, во меѓувреме ги пропушти натпреварите против Евертон и Свонси, а последниот натпревар го одигра на 20-ти јануари против Ватфорд, кога беше стрелец.
Фудбалерот кој 35 пати играше за репрезентацијата на Алжир, во Лестер дојде во јануари 2014 година од францускиот Авр.

Најнови вести