Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Шмајхел останува верен на „лисиците“

Данскиот голман потпиша нов договор со Лестер

Репрезентативниот чувар на мрежата на Данска, Каспер Шмајхел, клупската кариера дефинитивно ќе ја продолжи во Лестер. Шмајхел потпиша нов договор со „лисиците“ и во следниот период ќе го брани голот на англискиот премиерлигаш. 
Каспер е син на легендарниот Питер Шмајхел кој беше голман на Манчестер Јунајтед. Данецот во Лестер дојде во 2011 година и беше еден од клучните играчи за неверојатниот подвиг остварен во сезоната 2015/16, кога клубот стигна до титулата во Премиер лигата. 
„Сакам да продолжам да постигнувам успеси со овој тим“, рече Шмајхел понеговата одлука да остане во Лестер. 
Голманот е трет важен играч на Лестер кој го продолжи договорот со клубот. Неодамна тоа го направија и Џејми Варди и Вилфред Ндиди. 

 

Најнови вести