20.8.2018 Серхио Бускетс верен на Барселона до 2021 година
Заменик-капитенот на „каталонците“ добива поголема плата
Серхио Бускетс и
Барселона ја продолжија соработката до 2021 година. Новиот заменик-капитен на
шпанскиот првак добива поголема плата и со тоа станува втор најплатен играч во
тимот, зад Лео Меси, но, рамо до рамо со Пике, Суарес и Кутињо.
Неговата клаузула
и понатаму ќе вреди 200 милиони евра, додека Бускетс ќе има можност да го
продолжи договорот на уште две дополнителни години.
Бускетс потекнува од
академијата на Барселона и е еден од најзначајните играчи на клубот. Во дресот
на каталонскиот гигант ќе ја игра десеттата сезона во кариерата, а досега
настапил на 484 натпревари.