Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2018

Гвардиола не застанува – доаѓа и Марез за 50 милиони фунти

Ријад Марез, најдобриот играч на Лестер, ја известил управата на „лисиците“ дека сака да си оди пред крајот на преодниот рок денес, пишува Би-би-си.

Најугледниот британски медиум наведува дека Пеп Гвардиола, односно Манчестер сити, веќе подготвил понуда тешка 50 милиони фунти.
Покрај Џејми Варди, дваесет и шестгодишниот алжирски интернационалец беше еден од најзаслужните за сензационалната шампионска титула во Премиер лигата пред две години.
Се очекуваше дека и порано ќе си замине од стадионот „Кинг пауер“, бидејќи слично барање имаше и летоска, но трансферот во Рома на крајот пропадна.
Шпанскиот менаџер вчера ја помина границата од половина милијарда фунти откако пред година и пол стигна на клупата на „граѓаните“ купувајќи го Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао за рекордни 65 милиони евра, што е нов клупски рекорд.
Сити по 24 одиграни кола, се наоѓа на првото место на табелата во Премиер лигата со 65 бодови, 12 повеќе од второпласираниот ривал Манчестер јунајтед.

Најнови вести