Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2018

Челзи го сруши Барнли, Саутхемптон има големи проблеми

Фудбалерите на Челзи на гостувањето го совладаа Барнли со резултат 2-1 во заостанатиот натпревар од 31-вото коло на англиската Премиер лига.

Сега веќе поранешниот шампион на Барнли му го нанесе првиот пораз по петте последователни победи, а најзаслужен за тоа беше Нигериецот Виктор Мозес, кој покрај погодокот, имаше и совршена асистенција.
Челзи дојде во водство во 20-тата минута, кога топката на десната страна ја прими Мозес, испрати остар центаршут, а невнимателноста на голманот Поуп и на Лонг довде до тоа дефанзивниот играч  на домаќините да ја смести топката во својата мрежа.
Колку што имаше лондонскиот тим среќа во таа ситуација, ја немаше во 64-тата минута, кога Барнли дојде до изедначување. Гудмундсон силно ја удри топката, а таа на патот кон мрежата го закачи Барнс, го смени правецот и го измами Куртуа.
Не помина долго време до новиот гол, во 69-тата минута Емерсон Палмиери центрираше од левата страна, топката се одби до Мозес, кој со прецизен удар во блискиот агол го постави конечниот резултат.
Екипата на Антонио Конте сега има 63 бода и се наоѓа на петтото место, со пет бода помалку од местото кое води во Лигата на шампионите, додека Барнли е седми со 52.
Во другиот натпревар, Лестер и Саутхемптон одиграа без голови. Поради таквиот резултат, значително повеќе грижи имаат гостите, кои се наоѓаат во зоната за испаѓање со 29 бода, четири помалку и натпревар повеќе од првиот над линијата, Свонси. Лестер остана на осмото место со 44 освоени бода.

Најнови вести