Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Варди и Кејхил се откажаа од англиската репрезентација

Двајцата сакаат местото да го отстапат на помладите

Џејми Варди и Гери Кејхил повеќе нема да бидат дел од англиската репрезентација. Двајцата решија да се повлечат во ист ден и поради иста причина. Сакаат да им отстапат местото на помладите. 
Варди, кој има 31 година, е еден од најстарите дебитанти во Англија. Првиот меч го имаше во 2015 година, на 28 години. Одигра 26 меча и даде седум погодоци. Кејхил е многу поискусен во дресот на „гордиот Албион“. Дефанзивецот беше дел од националниот состав од 2010 година и одигра вкупно 61 натпревар. Неколку пати беше и капитен. 
Двајцата беа дел од англиската репрезентација на Мундијалот во Русија, каде што стигнаа до полуфиналето. Англија тогаш загуби од Хрватска со 2-1 и не успеа да игра во финалето. По завршувањето на Светското првенство, селекторот Герет Саутгејт најави дека сака да направи подмладување во националниот тим. Варди и Кејхил се првите двајца кои го послушаа и заминуваат во репрезентативна пензија. 

 

Најнови вести