Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2016

Раниери ќе добие нов договор

Управата на Лестер ќе му понуди нов договор на менаџерот Клаудио Раниери по сензационалното освојување на титулата во Премиер лигата.

Италијанскиот стручњак им ја донесе на „лисиците“ првата шампионска титула на Англија, во историјата на клубот, а челниците на Лестер имаат намера да ја зацврстат неговата позиција иако договорот му истекува за две години. 
„На крајот на сезоната ќе се договориме со Клаудио. Не е во ред сега да зборуваме за тоа бидејќи сè уште трае првенството, а кога ние двајца зборуваме тоа вообичаено се долги разговори. Сакам кога луѓето се задоволни и уживаат во својата работа“, изјави потпретседателот на клубот Ајиват Сривадханапрабха.
Лестер сака да го „блиндира“ Раниери особено откако во последно време се поврзува со репрезентацијата на Италија, што потврди и претседателот на тамошниот Сојуз, Карло Тавекио.
Покрај тоа челниците планираат да ја задржат комплетната шампионска генерација, вклучувајќи ги и најголемите ѕвезди Ријад Марез и Џејми Варди, иако бројни европски клубови покажаа интерес за нив.

 

Најнови вести