Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2018

Марез го повреди глуждот, неизвесен за почетокот

Алжирскиот фудбалер Ријад Марез пред неколку дена дојде во Манчестер јунајтед, но уште на подготовките доживеа малер.

Сити направи пресврт против Баерн од Минхен, а Марез во 28-мата минута заработи повреда на глуждот и мораше да го напушти теренот.
„Не знам колку е сериозно. Знам само дека во прашање е глуждот. Можеби и нема некој проблем, ќе видиме. Загрижен сум за многу работи. За играчите кои се повредени, за играчите кои не се тука. Но, морам да ја пофалам работата на останатите момчиња во досегашниот дел од подготовките“, изјави Пеп Гвардиола по доаѓањето во Англија.
„Граѓаните“ се вратија во Манчестер бидејќи за неколку дена ги очекува дуелот од Комјунити шилд против Челзи, како и гостувањето на Арсенал на стартот на Премиер лигата.
Марез е платен 60 милиони фунти на Лестер и извесно е дека ќе го пропушти почетокот на новата сезона.

Најнови вести