Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Манчестер Сити го купи најмладиот играч од СП 2018

Австралискиот репрезентативец Даниел Арзани стави потпис на договорот со „граѓаните“

Австралискиот репрезентативец Даниел Арзани стави потпис на договорот со „граѓаните“
Англискиот првак Манчестер Сити во своите редови го доведе најмладиот играч кој беше дел од Светското првенство во Русија. Нов „граѓанин“ ќе биде Даниел Арзани, кој има само 19 години и пет месеци. 
Арзани за само неколку месеци е помлад од Килијан Мбапе, Французинот кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Мундијалот.  Австралискиот тинејџер досега беше дел од тимот на Мелбурн Сити, а се очекува веднаш да биде даден на позајмица и тоа најверојатно во Селтик. 
Денеска до 17 часот завршува летниот преоден рок во Премиер лигата, па се очекуваат уште неколку интересни трансфери, по што ќе може да започне битката за трофејот и обидот Манчестер Сити да биде симнат од тронот. 
Играчот на Барселона Џери Мина е пред потпис со Евертон, додека Манчестер Јунајтед се обидува во последните неколку часа, на „Олд Трафорд“ да го доведе дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин. 

 

Најнови вести