19.4.2016 Лестер на два натпревари без Варди
Напаѓачот на Лестер Џејми Варди ќе биде суспендиран на два натпревари, пренесуваат англиските медиуми.
Фудбалскиот сојуз на Англија смета дека тоа е соодветна казна за играчот кој е обвинет за несоодветно однесување во дуелот од претходното коло од Премиер лигата со Вест хем (2-2).
Најдобриот стрелец на „лисиците“, доколку информацијата биде потврдена, ќе ги пропушти натпреварите со Свонси и Манчестер јунајтед.
Варди во 56-тата минута го заработи вториот жолт картон поради симулирање, а по тоа со пцости го навредуваше судијата Џонатан Мос, а на обвиненијата може да одговори до 21-ви април.