26.1.2016 Шокрос ќе паузира еден месец
Дефанзивниот играч на Стоук Рајан Шокрос ќе направи пауза од околу четири седмици поради повреда на грбот, потврди менаџерот на тимот Марк Хјуз.
Шокрос го напушти натпреварот со Лестер по 30 минути игра, а во клубот стравуваа дека ја обновил повредата поради која минатата сезона мораше да замине на операција.
„ За среќа повредата на Рајан не е враќање на проблемите кои ги имаше минатата година, но се здоби со повреда на мускулите и ќе биде надвор од теренот три до четири седмици, што е голем удар за нас. Неговата повреда негативно влијаеше на нашата игра во саботата. Ќе ни недостига“, изјави Хјуз.