Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2018

Хјуз официјално нов менаџер на Саутхемптон

Саутхемптон синоќа објави дека Марк Хјуз официјално е поставен за нов менаџер на клубот.

Хјуз го наследи Аргентинецот Маурусио Пелегрино, кој беше отпуштен по лошите резултати и само една остварена победа на последните 17 натпревари во Премиер лигата.
За Хјуз ова е веќе шести менаџерски ангажман во Премиер лигата, претходно работеше и во Блекбурн, Манчестер сити, Фулам, Квинс парк ренџерс и Стоук.
Тој од Стоук беше отпуштен на почетокот на оваа година.
Хјуз на крајот на играчката кариера две години беше член на Саутхемптон.

 

Најнови вести