Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2017

Клод Пуел го презеде Лестер

Лестер за нов менаџер го именуваше Клод Пуел, со кого клубот потпиша тригодишен договор.

Крег Шекспир, кој го водеше тимот откако „лисиците“ минатата сезона го отпуштија Клаудио Раниери, доби отказ минатата недела, а на негово место дојде Клод Пуел. Лестер, шампионот од 2016, се наоѓа во незавидна положба на табелата и сопствениците одлучиле дека е време за промена на местото на менаџерот.
Некогашниот тренер на Саутхемптон потпиша тригодишен договор со Лестер.
„Голема привилегија е да се биде менаџер на Лестер, клубот чии вредности и амбиции ми се многу блиски. Многу ми е возбудлива можноста да му помогнам на клубот да продолжи да ги надградува неодамнешните успеси и многу се радувам на работата со сопствениците, со играчите, со тренерите и се надевам дека ќе ги задоволиме навивачите така што ќе продолжиме со успесите“, изјави Пуел за клупската интернет-страница.
Од клубот е потврдено дека Мајкл Аплтон, кој го водеше тимот на два натпревара откако Шекспир доби отказ (и ги доби и двата) ќе остане на тоа место.
Пуел во неговата кариера од клупата ги предводеше: Монако, Лил, Олимпик Лион, Ница и во Премиер лигата Саутхемптон, со кого заврши на осмото место и покрај тоа што пред почетокот на сезоната остана без голем број важни играчи.
Саутхемптон со Пуел играше и во финалето на Лига купот, во коешто беше поразен од Манчестер јунајтед.
Лестер моментно е 14-ти на табелата, а во недела ќе биде домаќин на Евертон, кој од пред неколку дена, исто така, е во потрага за тренер.

Најнови вести