Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2018

ФА куп: Јунајтед – Тотенхем во полуфиналето, Саутхемптон против Челзи

Во полуфиналето на англискиот ФА куп на 21-ви и 22-ри април на „Вембли“ ќе играат Манчестер јунајтед – Тотенхем и Челзи – Саутхемптон.

Манчестер јунајтед, го победи Брајтон со 2-0 на „Олд Трафорд“ во натпреварот од четврт-финалето, додека Тотенхем и без повредениот Хари Кејн беше убедлив во Свонси со 3-0.
Челзи по продолженијата го совлада Лестер со 2-1 во дуелот меѓу двата последни шампиони на Англија, додека Саутхемптон го елиминира третолигашот Виган со 2-0.
ФА купот во неговото 137-мо издание ќе добие нов шампион - Арсенал, бранителот на титулата, беше елиминиран уште утре во третото коло од Нотингам форест.
Финалето се игра на 19-ти мај на лондонскиот „Вембли“.

Најнови вести