Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2018

Алонсо пред суспензија од ФА

Маркос Алонсо, фудбалерот на Челзи, би можело да го пропушти полуфиналето на ФА купот бидејќи е обвинет за насилничко однесување.

ФА го обвинува Алонсо за тежок прекршок над Шејн Лонг, напаѓачот на Саутхемптон.
Судијата не го видел инцидентот кој случи во саботата, во првото полувреме на натпреварот, но беше фатен од камерата, па Фудбалскиот сојуз на Англија го обвини Алонсо за насилничко однесување.
Тој би можел да биде суспендиран на три натпревари. Марк Хјуз, тренерот на Саутхемптон, не беше среќен што Алонсо не доби црвен картон.
„Требаше да добие црвен картон. Разочаран сум што судиите не го видоа тоа. Сите беа во радиус од десет до 15 метри, еден од нив требаше да го види тоа“, изјави Хјуз.
Челзи во натпреварот победи со 3-2, а Алонсо беше асистент кај првиот гол.
Фудбалерите на Челзи во наредниот натпревар од Премиер лигата ќе гостуваат кај Барнли, а потоа повторно ќе играат против Саутхемптон во полуфиналето на ФА купот.

Најнови вести