Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2016

Бони на заем во Стоук

Вилфрид Бони, напаѓачот на Манчестер сити, една година ќе игра на заем во Стоук.

Офанзивниот играч од Брегот на Слоновата Коска во јануари минатата година од Свонси направи трансфер во Сити за 28 милиони фунти, но оттогаш не ги оправда вложените пари.
За Бони ова лето беа заинтересирани и Вест хем и Евертон, но тој сепак се одлучи за екипата која ја води Марк Хјуз.
„Бони добро ја познава Премиер лигата, постигна многу голови во ова натпреварување, па не се двоумевме многу за да го доведеме. Има сила, брзина, физички и технички атрибути коишто ни се потребни. Знаеме дека доведовме напаѓач со исклучителни квалитети. Покажа што може во Свонси, а единствено изненадување е што не доби поголема шанса во Сити“, изјави Марк Хјуз.

Најнови вести