Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2016

Основан е во 2009 година, а веќе е во Бундеслигата

Фудбалерите на Лајпциг обезбедија пласман во Бундеслигата откако на домашен терен го победија Карлсруе со 2-0 во натпреварот од 33-тото коло на германската Цвајтa.

Враќањето во најсилниот ранг на натпреварувањето веќе го обезбеди Фрајбург, шампионот на Цвајтa, додека Лајпциг, едно коло пред шампионатот, се наоѓа на второто место на табелата со 67 бодови, пет повеќе од Нирнберг.
Клубот е основан во 2009 година со цел за осум години да влезе во Бундеслигата, што на тимот му појде за рака година дена порано. Основачот и генералниот спонзор на клубот е компанијата Ред Бул.
Трето пласираниот Нирнберг и понатаму има шанси следната сезона да игра во Бундеслигата, откако во баражот ќе игра против тимот кој го зазема 16-тото место во најсилната германска лига. 

Најнови вести