Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2017

Историја: Штајнхаус е првата жена фудбалски судија во Европа

По десет години како судијка на натпреварите од втората лига и на престижните средби во женскиот фудбал, 38-годишната припадничка на полицијата за оваа сезона е избрана меѓу 24-цата судии на германското прволигашко фудбалско првенство.

Германката Бибијана Штајнхаус вчера со звукот на свирчето го означи почетокот на натпреварот во Бундеслигата меѓу Херта од Берлин и Вердер од Бремен и со тоа стана прва жена која ќе суди натпревари од првата дивизија на некое професионално фудбалско првенство во Европа.
По десет години како судијка на натпреварите од втората лига и на престижните средби во женскиот фудбал, 38-годишната припадничка на полицијата за оваа сезона е избрана меѓу 24-цата судии на германското прволигашко фудбалско првенство.
Ретко имаше жени кои беа судии во првите лиги во Франција, Италија или Англија. Бибијана Штајнхаус е првата жена судија која даде знак за почеток на натпревар.
„Тоа е силна порака за остатокот на светот“, изјави Фатма Самура, генералната секретарка на Меѓународната фудбалска федерација.
„Тоа никогаш не сакав да го правам со цел за еманципација (на жените), туку само го работам она што го сакам“, изјави Бибијана Штајнаус неколку дена пред натпреварот.
„Ако сум пример за многу млади девојки или пионерки во унапредувањето за еднакви права, тогаш сум задоволна“, изјави Штајнхаус.

Најнови вести