23.3.2017 Борусија одби кинески инвеститори
Како што пренесува „Ривиершпорт“, управата на Борусија од Дортмунд одбила кинески капитал.
„Да, имаше можност за влез на кинески капитал во клубот, но е одбиен. Тоа не е начин на ‘Вестфален’ и на Борусија“, изјави Томас Трес, одговорниот за финансиите на овој клуб.
Тој откри дека Вердер, Херта, Волфсбург, Хамбургер и Менхенгладбах исто така имаат понуди од кинески инвеститори, но дека не знае кои одлуки ќе ги донесат.
Борусија моментно е трета на табелата на Бундеслигата, а во четврт-финалето на Лигата на шампионите тимот на Томас Тухел ќе ги одмери силите со Монако.