Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Од новинар до хит во Бундеслигата, Тедеско заслужи нов договор со Шалке 04

Доменико Тедеско има мошне интересна приказна, а 32-годишниот тренер блеска во Бундеслигата и успеа да добие продолжување на договорот како тренер на Шалке 04 до 2022 година

Тедеско е еден од најперспективните тренери во Германија, заедно со Јулијан Нагелсман, кој е во истата класа со него, а приказната на Доменико е супер привлечна. Воопшто и не се претпоставуваше дека дипломираниот менаџер за инжинеринг ќе успее да биде тренер на еден од најдобрите клубови во Бундеслигата, Шалке 04. Во еден период Тедеско работеше како новинар, а потоа најде работа и во автомобилската индустрија. Сепак со многу упорност и љубов кон фудбалот успеа со највисоки оценки да добие тренерска лиценца во Германија. Дебитираше како тренер на второлигашот Ауе, преклани, и успеа во финишот на сезоната да го спаси клубот од испаѓање. И веднаш беше ангажиран од раководството на Шалке 04. Многумина се чудеа на ризичниот потег на челниците на тимот од Гелзенкирхен, но Тедеско ги разубеди со резултати. Шалке 04 ја заврши ланската сезона во Бундеслигата како второпласиран, зад шампионот Баерн Минхен и пред фаворизираните Борусија Дортмунд, Лајпциг, Баер Леверкузен... И успеа да му обезбеди на Шалке 04 директен настап во фазата по групи во Лигата на шампионите. Како награда и тоа апсолутно заслужена, Тедеско, кој има само 32 години доби нов договор со клубот од Гелзенкирхен до 2022 година.

 

Најнови вести