Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2015

Леман: Без Гвардиола Бундеслигата би била возбудлива

Поранешниот голман на Германија, Јенс Леман, изјави дека заминувањето на Пеп Гвардиола од клупата на Баерн би било добро за германскиот фудбал.

Шпанскиот тренер има договор со Баерн до летото 2016 година, но сè уште нема донесено одлука дали ќе остане по неговото истекување.
„Заминувањето на Гвардиола би ги израдувало сите останати клубови во Германија и првенството би било многу повозбудливо. На Баерн ќе му биде тешко да најде негова замена“, изјави Леман.
Леман кој моментално работи како коментатор на една телевизија, одигра 67 натпревари за репрезентацијата на Германија и беше дел од тимот кој го освои второто и третото место на Светското првенство во 2002 и 2006 година и второто место на шампионатот на Европа во 2008 година.
„Екипата која ја освои ’тројната круна’ во 2013 година беше неверојатна, но Пеп ја подигна на повисоко ниво. Мислам дека пред себе требаше да си постави цел да ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз“, смета Леман
Во текот на кариерата тој бранеше за Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт.

Најнови вести