Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2016

Баерн со шестка на дебито на Анчелоти

Фудбалерите на Баерн почнаа со одбрана на титулата во Бундеслигата со убедлива победа против екипата на Вердер со резултат 6-0.

На клупата на шампионот на Германија дебитираше Карло Анчелоти, кој не направи премногу промени во составот на „баварците“.
Гостите од Бремен од почетокот до крајот на натпреварот беа во подредена положба на „Алијанц арената“, па домаќинот оствари сигурна победа и веднаш најави дека ќе биде најсериозен кандидат за титулата.
Чаби Алонсо во десеттата минута по одбивањето на топката, ја дочека и од околу 25 метри постигна преубав гол. Четири минути подоцна Рибери му асистираше на Роберт Левандовски, а во продолжението мрежата на гостинот беше наполнета.
Левандовски во 46-тата минута го постигна третиот гол за „баварците“, Лам во 66-тата зголеми на 4-0, а 17 минути пред крајот на натпреварот во стрелците се запиша и Франк Рибери по асистенцијата на Милер. Конечниот резултат во 76-тата минута го постави Левандовски од пенал и така ја отвори сезоната со хет-трик.

Бундеслига, прво коло:
Баерн Минхен- Вердер 6-0
денес:
Борусија Дортмунд – Мајнц
Келн – Дармштад
Хамбургер – Инголштад
Аугсбург – Волфсбург
Ајнтрахт – Шалке
Менхенгладбах – Баер Леверкузен
утре:
Херта – Фрајбург
Хофенхам – Лајпциг

Најнови вести