Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2012

„Спорт Билд“: Германците не ја воведуваат гол-технологијата!

Германскиот магазин „Спорт Билд“ во своето посебно издание ексклузивно откри дека Германскиот фудбалски сојуз и Бундеслигата нема да го изгласаат воведувањето видеотехнологија на гол-линијата.

Според магазинот, одлуката е донесена минатиот вторник на состанокот на Управниот одбор на Германскиот фудбалски сојуз. Сојузот го почитува мислењето добиено со анкета од сите 36 германски професионални клубови од првата и втората Бундеслига, како и ставот на две независни истражни комисии, една на Сојузот и една на Бундеслигата, која некогаш ја предводеа еминентни судии.
Проблем е тоа што ниту еден од трите тестирани системи не гарантира оптимална прецизност. Најдобриот меѓу нив има отстапување во прецизноста меѓу два и три сантиметри. За Германците тоа е премногу и поради тоа од жестоки застапници на видеотехнологијата на гол-линијата се претворија во видеоскептици.
Исто така, се плашат дека и повторената забавена телевизиска снимка често ги покажува грешките на системот, со што тој сосема губи на веродостојност.
Од Германскиот фудбалски сојуз и од Бундеслигата го демантираа написот на „Спорт Билд“ нагласувајќи дека конечната одлука засега не е донесена. Таа се очекува на 12-ти декември на генералното собрание на Сојузот.

Најнови вести