Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2013

Гројтер Фирт ја отпушти својата тренерска легенда Бускенс

Михаел Бускенс, 44-годишниот германски тренер, веројатно засекогаш го задолжи Гројтер Фирт со својата работа во клубот, но вчера доби отказ на таа должност.

Бускенс од 2009 година е на тренерската позиција на овој германски клуб, кој минатата сезона го внесе во Бундеслигата. За тоа е запишан, како и тогашната генерација фудбалери на Гројтер Фирт, со златни букви во клупската историја, бидејќи клубот по прв пат влегува во елитната германска фудбалска класа.
Но премиерната сезона во таквата средина не помина успешно за Гројтер Фирт, кој е последен на табелата, а до првата позиција надвор од зоната за испаѓање клубот е оддалечен дури 14 бодови.
„Клубот сè уште верува во останување во Бундеслигата, па во тој поглед е потребно да направи промени. Благодарни сме му на Бускенс за сè што годиниве направи за нас, но никакви други промени во моментов не се можни освен таа“, стои во клупското соопштение.

Најнови вести