Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2013

Франк Крамер нов тренер на Гројтер Фирт

Франк Крамер, 40-годишниот германски тренер, е новиот стратег на фудбалерите на Гројтер Фирт, кои се наоѓаат на последното место на табелата на Бундеслигата, а за да се спаси на клубот му недостасуваат дури седум бодови.

Во текот на кариерата Крамер работеше во втората екипа на Гројтер Фирт, како и со младиот состав на клубот, а последните две сезони ги помина во стручниот штаб на бундеслигашот Хофенхајм.
„Мило ми е што се враќам назад, во клубот каде што секогаш добро се чувствував“, изјави Крамер, кој потпиша договор до 2015 година.
Поради серијата лоши резултати во текот на оваа сезона во Гројтер Фирт беше отпуштен Михаел Бускенс, кој клубот го внесе во Бундеслигата и така оствари историски клупски резултат. Него накратко на таа должност го менуваа Мирко Рајхел и Лудвиг Прајс, а сега клубот во Крамер пронајде и трајно решение.
Гројтер Фирт е во серија од две ремија и три порази во Бундеслигата.

Најнови вести