Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2013

Натпреварот со фантомскиот гол нема да биде повторен

Победата на Баер Леверкузен од 2-1 против Хофенхајм, во која вториот гол не постоеше бидејќи топката влезе низ надворешниот дел на мрежата, нема да биде повторена, одлучи денес Германската фудбалска федерација.

Штефан Кислинг, напаѓачот на Баер Леверкузен, пред десет дена постигна гол со глава, кој подоцна испадна дека е нерегуларен бидејќи топката влегла низ скинатиот дел на мрежата од надворешната страна.
Судијата Феликс Брих досуди гол за гостите, кои во тој момент поведоа со 2-0 против Хофенхајм.
Хофенхајм поднесе жалба поради фантомскиот гол, но жалбата денес е одбиена.

Најнови вести