Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2018

Брант ги одби Баерн и Милан, ја продолжи верноста кон Леверкузен

Јулијан Брант, фудбалерот на Баер Леверкузен, го продолжи договорот до 2021 година, соопштено е на интернет-страницата на германскиот клуб.

Репрезентативецот на Германија на овој начин ја отфрли можноста да направи трансфер во Баерн Менхен, кој наводно беше заинтересиран за неговите услуги.
Претходно се споменуваше и можноста да направи трансфер во Милан, кој минатото лето токму од Баер го доведе Хакан Чалханоглу.
Брант наскоро ќе наполни 22 години, кариерата ја почна во Волфсбург, а веќе четири сезони е во Леверкузен.
Играше за сите селекции на Германија, додека со селекцијата А (14 натпревари, еден гол) го освои Купот на Конфедерациите, а има и сребрен олимписки медал од Рио.

Најнови вести