Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Андре Силва во еден меч за Севилја даде повеќе од цела сезона во Милан

Португалецот покажа дека е вистинско засилување за тимот од Андалузија

Андре Силва е главната ѕвезда по првото коло во Примера дивисион. Португалскиот репрезентативец летово дојде во Севилја како позајмен играч од Милан. Силва покажа дека многу брзо се снајде во новата средина. На дуелот против Рајо Валјекано, Португалецот постигна хет-трик и беше најзаслужен за убедливата победа од 4-1 на Севилја. 
Силва важи како еден од играчите кои треба да блесне во следниот период. Минатото лето потпиша за Милан. На „Сан Сиро“ дојде од редовите на Порто. Иако се очекуваше да биде вистинско засилување за „росонерите“, тоа не се случи. 
Во цела ланска сезона одигра 24 меча во Серија А и постигна вкупно два погодока. Сега, само за 90 минути во дресот на Севилја веќе има дадено повеќе голови од лани. Очигледно е дека на Силва многу повеќе му одговара фудбалот кој се игра на Пиринејскиот Полуостров отколку во Италија.

Најнови вести