Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Страотен пад и хорор повреда на Серхио Ескудеро

Тешка повреда на лакотот на левата рака доживеа бекот на Севилја, Серхио Ескудеро, на синоќешниот меч од Ла Лига против Вилјареал

Севилја ќе мора да игра одредено време без еден од своите најдобри фудбалери, Серхио Ескудеро, по тешката повреда на лакотот на левата рака што му се случи на левиот бек на дуелот со Вилјареал.
По еден воздушен дуел со противничкиот играч Раба, Ескудеро страотно падна директно на левата рака. Повредата е тешка, се работи веројатно и за скршеница, иако тоа треба да се потврди од медицинскиот тим, па јасно е дека играчот со најдолг стаж во Севилја ќе мора одредено време да паузира. Ескудеро е еден од главните адути на Севилја, игра одлично во континуитет и повредата е голем удар за клубот и за него самиот. 
Бекот на Севилја има 28 години, а интересно е што првиот повик во шпанската репрезентација му беше за мечот со Македонија во ноември 2016 година, што се одигра во Гранада и заврши со победа на „црвената фурија“ од 4-0.

 

Најнови вести