Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Реал победува, навивачите ги нема на трибините

Реал Мадрид гази без пораз на стартот на новото издание на Ла Лига, но има проблем со посетата на трибините

Актуелниот европски првак Реал Мадрид игра одлично на домашната сцена, но раководството на клубот е загрижено поради неочекувано слабата посета на трибините. На двете мадридски дербија со Хетафе и со Леганес на „Сантијаго Бернабеу“ вкупно беа присутни околу 107 илјади гледачи, или во просек 53,5 илјади. Тоа е многу под ланскиот просек од 69 илјади гледачи кои ги следеа натпреварите на актуелниот европски првак.
Сепак, челниците на Реал си најдоа изговор на некој начин, а според нив, сè уште се во ек летните одмори, што е главната причина за потфрлањето. Шпанските медиуми во анализите истакнуваат и дека ја нема магијата што ја носеше Кристијано Роналдо, иако Реал има три победи на стартот и игра одлично.
Посетата од 48.466 гледачи на првиот меч дома, на „Сантијаго Бернабеу“, е најслабата посета на меч на Реал од 2009 година.

 

Најнови вести